ВИДЕО| Сомневања дека кинески „шпионски балон“ лета над САД

Постојат сомневања дека кинески шпионски балон лета над САД веќе неколку дена, а високи американски функционери го советувале претседателот Џо Бајден да не биде соборен поради стравувања дека остатоците би можеле да претставуваат безбедносна закана.

„Јасно е дека намерата на овој балон е надгледување“, рекол за новинарите неименуван висок функционер од американската одбрана.

Американските сили го следеле тој балон откако влегол во воздушниот простор на САД пред неколку дена, при што се вклучени и американски борбени авиони со екипажи поради визуелен контакт.

Функционерите одбиле да кажат на која височина лета балонот, но признале дека дејствувал над цивилниот воздушен сообраќај и под „космичкото“ пространство.

Високи американски воени функционери го разгледувале соборувањето на балонот над сојузната држава Монтана, но на крајот препорачале да не се прави тоа поради потенцијален безбедносен ризик од неговите остатоци.

Американските функционери им го поставиле тоа прашање на кинеските колеги. „Им укажавме на сериозноста којашто за нас ја има тоа прашање“, рекол за новинарите еден од нив.

Шпионски балон над САД неколкупати беа забележани изминатите години, но се чини дека овој балон сега се задржал подолго отколку во претходните случаи, рекол извор запознаен со инцидентот.

„Во моментов проценуваме дека тој балон има само ограничена дополнителна вредност од перспектива на собирање разузнавачки податоци, но и покрај тоа преземаме чекори за заштита од собирањето чувствителни податоци од странските разузнавачки служби“, рекол американски функционер.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.