ВИДЕО| Советници од Левица демолираат кафуле во скопски Аеродром

Веќе неколку дена во очите на јавноста се случувањата поврзани со кафеулето „Хелиум“. Откако беа изнесени секакви невистини и на целосно неправаден начин се проба да се наруши реномето на овој локал и да се изнуди рекет од сопственикот од страната на членови на Левица Аеродром кои ги води советникот Дарко Масларковски од бендот Пука Козметика, кој неодмна во медиумите беше пишува интернет ресурсот boemot.mk

Хронолошки сѐ започнало на седница на Советот на Општина Аеродром кога соетниците на Левица побарале да се изврши надзор на овој локал заради наводно „узурпираната јавна површина“. Од друга страна, сопственикот за локалот за медиумите тврдеше дека членовите на Левица Аеродром веќе подолг период се обидувале да изнудат од него пари, при што се приложува видеото во продолжение каде јавно велат дека одат на „гратис пиење“ и „афтери“ и употребувајќи погрдни зборови за сопственикот.

Од видеото може да се забележи дека советниците од Левица во Општина Аеродром се во алкохолизирана состојба. Според тврдењето во написот тие се спротивставиле и на полицијата со навреди на полициските службеници.

Од следното видео се тврди дека можат да се препознаат истите членови како во раните утрински часови по пуштањето од полиција се обидуваат да го руинираат локалот. За среќа, локалот има агенција за обезбедување, која навремено интервенира и спречува поголема штета и кршење на локалот.