(ВИДЕО) Советник на Заев го обвини францускиот претседател Макрон дека го излажал Заев за датумот!

Советникот на премиерот Зоран Заев, Исмет Рамадани, во вчерашното гостување во „Само вистина“, јавно го обвини францускиот претседател Емануел Макрон дека го излажал македонскиот народ за датумот за преговори со ЕУ.

Одговарајќи на прашањето зошто премиерот Заев и другите членови на Владата лажеле кога објавија дека земјава добила датум за преговори со ЕУ, Рамадани истакна дека виновникот е Макрон, бидејќи тој го излажал Заев.

– Кога од Брисел ви кажуваат дека добивате датум за преговори со ЕУ, тогаш вие им ја пренесувате таа радосна информација на македонските граѓани. Меѓутоа, тогаш Макрон излажал – вели Рамадани.