ВИДEO| Спасовски со својата полиција го провоцира народот на Мечкин Камен

Нови снимки простигнаа од вчерашните случувања на Мечкин Камен во Крушево. Од нив може да се види како полицијата на министерот Оливер Спасовски тргна на народот, а премиерот Димитар Ковачевски беше исвиркан.

На македонските граѓани не им беше дозволено да пристапат на прославата на Илинден и традиционално да прослават, а како што велат и самите, биле избуткани од страна на полицијата.

За оваа партизација на прославата вчера се огласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-За жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација, всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла а не под политичка наредба, обелодени вчера Николоски.

-На овој начин уште еднаш покажуваат дека се антидржавна партија и партија кој што нема допир со сопствениот народ и која што бега од народот. Заради ваквото партиско и политичко однесување, ние во овој момент ќе го напуштиме Мечкин Камен и нема да присуствуваме на обраќањето на претседателот на владата, затоа што очигледно, ова е партиска манифестација на СДСМ, а на митинзи на СДСМ немаме намера да учествуваме, истакна тој.

Николоски им одговори на новинарите кои го прашаа што им било објаснето на граѓаните на кои им било забрането да дојдат на прославата.

-Ги немало во протоколарната листа. Јас лично бев да интервенирам кај неколку, го повикав и владиниот протокол, ги немало во протоколарната листа, очигледно само членовите на СДСМ ги има во протоколарната листа и затоа ние сега ќе си заминеме, рече тој.

Прашан за колку граѓани станува збор, Николоски одговори „За илјадници“!

Бидејќи на граѓаните им беше забранет пристап, а опозицијата го напушти настанот, говорот на Ковачевски го слушаа партиските симпатизери на СДСМ.

Денеска реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ ја партизираше прославата на Илинден на Мечкин Камен, не дозволи народ да присуствува, туку само нивни партиски активисти, велат во партиското соопштение.

Власта го ограничи пристапот до Мечкин Камен на народот кој беше отиден во Крушево да оддаде почит на великаните кои ги се вградиле со своите животи за Македонија.

СДСМ покажа примитивизам од невидени размери и не дозволи илјадници наши сограѓани да присуствуваат на Мечкин Камен, како што тоа го правеле децении наназад.

СДСМ од државната прослава по повод Илинден направи партиска забава, со неколку стотина членови на партијата донесени со голем број автобуси кои полупразни тргнаа од градовите ширум државата.

СДСМ и Ковачевски се исплашија од народот, и му го земаа правото да се потсети на жртвата на предците и достојно да ја одбележи.

Илинден е празник кој е темелот и стожерот на Македонија, тој треба да обединува, а СДСМ прави се за тој овој светол ден за македонската државност посее раздор и омраза.

По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, Илинден и манифестацијата на Мечкин Камен ќе бидат отворени за сите граѓани, а празникот повторно ќе ги обединува граѓаните без разлика на партија, народност или религија. Поделбите ќе завршат со заминувањето на СДСМ од власт, се вели во партиското соопштение на партијата.

 

https://youtu.be/hDSCQ_JckRo