Петгодишното момченце Рајан кое во вторникот падна во бунар длабок 32 метри, со помош на големи напори на спасувачките служби е извлечено по четири дена, но засега не се знае дали детето е живо.
Петгодишното дете Рајан упаднало во вторникот во бунар со длабочина од 32 метри во близина на семејната куќа во селото Игхран во северната мариканска покраина Шифшаун, па беше започната голема операција за спасување.
Спасувачите се обидуваат да го одржат момченцето во живот доставувајќи му вода и резерви со кислород. Спуштија и надзорна камера за да ја следат неговата здравствена состојба и да комуницираат со него.
Стручњаците предупредуваат дека е „невозможно“ да се потврди дали момчето е живо, откако помина четири дена во невозможни услови.
Спасувачките екипи кои со раце копаа последните три метра за да не предизвикаат одрон, стигнаа до момчето кое е неподвижно. Ископаа тунел паралелно со местото каде момчето било заглавено со багери и успеале да го евакуираат.
Момчето е на пат кон ургентниот центар. На самото место се собрале неколку илјади луѓе, меѓу кои и родителите на Рајан кои не спиеле ноќе поради грижите за животот на момчето. Несреќата се случила кога таткото на детето работел на бунарот.
„Го оттргнав погледот од него само на секунда и тој падна во бунарот. Воопшто не спиевме“, изјави претходно неговиот татко за новинарите.