(ВИДЕО) Специјалци упаднале во бункер на педофил и спасиле 7- годишно момче кое го чувал 52 дена

Едно момче (7) било спасено во Русија 52 дена по киднапирањето.

Имено, американските власти наишле на информации за момчето Савелиј Роговчев на темната мрежа, тие ги пријавиле податоците во Интерпол, а Интерпол во руските специјални единици.

Во текот на ноќта, специјалците упаднаа во скривницата каде што беше задржано момчето и со брусалица ја искршија металната врата. На видеото сегледаат специјалци кои го држт мажот соборен на земја,а потоа влегуваат во друга просторија.

За него се вели дека бил киднапиран од 26-годишниот педофил Дмитриј Копилов.Неговата куќа е оддалечена околу 14 километри од куќата на момчето од каде исчезна на 28 септември.Тој беше киднапиран на враќање од училиште во руското село Горки.

“Ова е чудо и приказна со среќен крај. На момчето сега му треба силна психолошка помош. Ние мора да работиме со детето и му треба семејна љубов”, рече регионалниот детски омбудсман за деца, Генадиј Прокоричев, додавајќи дека момчето е на интензивна нега.

Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека извештајот за момчето го добиле од странски колеги преку каналите на Интерпол.

Полициските службеници наведуваат дека Копилов го малтретирал момчето, но тој наводно не го силувал затоа што, како што велат, чекал одредена возраст за тоа.