(ВИДЕО) Спектакуларен грабеж во Париз: Црногорци украле накит вреден милиони евра

430

Спектакуларниот грабеж во златарница во Париз е главната тема на светските медиуми. Според најновите информации, за ова кривично дело се уапсени две лица и тоа во автобус на линија Париз-Белград. Грабежот се случил во вторникот попладне. Маж влегол во луксузната продавница околу 17 часот и извадил автоматски пиштол. Го зел накитот и избегал со пленот проценет на два милиони евра.

Државјани на Црна Гора, на возраст од 45 и 55 години, се уапсени поради сомнеж дека од златарницата во Париз украле накит вреден меѓу два и три милиони евра. Како што пренесуваат француските медиуми, тие се уапсени ден по грабежот во златарницата Шоме во парискиот Арондисман 8. Тие вчера околу 13 часот, во автобус на автопатот во близина на границата со Германија, ги уапсиле припадници на бригадата за истражување и интервенции во Мец.

Во автобусот упаднале специјалците и веднаш настанал хаос, а патниците биле во шок. Полицијата го претресла автобусот и во него го нашла пленот од грабежот во златарницата во центарот на Париз. На крајот двајцата мажи биле уапсени.

Одреден им е притвор, а обвинителството во Париз ги терети за „организиран грабеж со оружје и учество во злосторничко здружување со цел извршување на кривично дело“, соопшти обвинителството во Париз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.