4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

(ВИДЕО) Спектакуларно апсење на руски гувернер

Руските безбедносни сили денска го уапсија гувернерот кој ја победи владејачката партија на изборите во 2018 година на Далечниот исток и го обвинија дека убил неколку бизнисмени пред 15 години.

Сергеј Фургал, гувернерот на регионот Кабаровск, беше извлечен од возилото од маскирани агенти и ставен во комбе, според снимките на Истражниот комитет, руската верзија на американскиот ФБИ.

https://www.youtube.com/watch?v=TZ2271FDmHw&feature=emb_logo

Истражниот комитет соопшти дека обвинението против Фургал ќе биде поднесено наскоро.

Тој е осомничен дека извршил убиство на неколку стопанственици во периодот меѓу 2004 и 2005 година и доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со доживотен затвор.

Агенцијата не достави детали за наводните злосторства, но потврди дека четворица членови на организираната криминална група биле уапсени порано во случајот и дека оние што биле вмешани во убиствата доставиле докази против Фургал.

Фургал, член на Либерално-демократската партија (ЛДПР) и поранешен пратеник, беше многу популарен во споменатиот пацифички регион каде ја освои власта во 2018 година, совладувајќи ја партијата Обединета Русија на претседателот Владимир Путин.

Иако ЛДПР го поддржува и Путин, победата на Фургал беше толкувана како удар врз владејачката партија, која цврсто ги држи руските региони.

Политичкиот аналитичар Абас Галијамов смета дека апсењето на Фургал е предупредување за опозициските партии кои ќе се спротивставуваат на владејачката партија на регионалните избори во септември.

Лидерот на ЛДПР, Владимир Жириновски, се закани дека неговата партија и сојузниците би можеле да го напуштат парламентот во знак на протест.

„Ние ви дадовме устав, а вие нè ставате во лисици“, рече Жириновски.