ВИДЕО| Спречен атентат на руски медиумски магнат

Украински бомбашки заговор насочен кон сопственик на руски конзервативен ТВ канал е спречен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), објави агенцијата во понеделникот.

Заговорот вклучувал местење бомба во автомобилот на рускиот претприемач милијардер Константин Малофеев, сопственик на ТВ каналот Царград фокусиран на христијаните, се вели во соопштението на ФСБ.

Агенцијата го спореди случајот со атентатот на политичката активистка и новинарка Дарја Дугина, чиј автомобил беше разнесен минатиот август во близина на Москва. ФСБ тврди дека убиството било организирано од специјалните служби на Украина.

ФСБ го именуваше Денис Капустин, водач на таканаречениот руски доброоволен корпус (РДК), како организатор на најновиот заговор. Во соопштението тој е опишан дека „дејствува под контрола на СБУ“, Службата за безбедност на Украина. РДК е единица на Територијалните одбранбени сили на Украина формирана во август 2022 година од руски десничарски доброволци кои започнале да се борат за Украина во Азовскиот полк и други единици во 2014 година.

Капустин влезе во центарот на вниманието на меѓународните медиуми минатата недела, откако неговата организација спроведе прекугранична рација во руската област Брјанск. Тој тврди дека операцијата била овластена од украинската влада, спротивно на изјавите на украинските официјални лица, кои се дистанцираа од тоа. Двајца цивили бeа убиени а едно дете рането од страна на групата на РДК откако се инфилтрирала во Русија.

ФСБ сподели снимка за која тврди дека покажува човек како поставува бомба на автомобилот на Малофеев. Тоа се случило во одреден момент во текот на зимата, судејќи според количината на снег на земјата. Возилото „мерцедес“ било преместено на безбедно место, каде експертите за бомби го отстраниле уредот, се вели во видеото.

Агенцијата тврди дека Капустин е одговорен за уште еден обид за „терористички напад“, за кој рече дека се случил во август 2022 година во регионот Волгоград. Сподели снимки на кои се гледа автомобил, шофершајбната очигледно изрешетана со куршуми и најмалку две тела, со пиштол кој лежи на подот до едно од нив. На истиот клип беше поставена канта за гориво покрај гасовод, веројатно импровизирана експлозивна направа што би била користена за да се саботира.

Според ФСБ, двајцата заговорници, кои биле убиени по отпорот при апсењето, припаѓале на радикални десничарски групи организирани од Капустин.

Малофеев ја коментираше веста, уверувајќи дека никој не е повреден во наводниот заговор и изјави дека ниту еден инцидент не може да ја промени неговата „страсна и чесна патриотска позиција“. Тој рече дека се надева дека ќе има правда за атентатот на Дугина.

Основачот на РДК, Капустин, кој себеси се нарекува Никитин, е руски неонацист. За разлика од Легијата на слободата на Русија, раководството на корпусот не се потпира на поранешните руски војници кои завршиле во „Легијата“ откако биле заробени, туку на руските десничарски емигранти кои живеат во Украина.

Самите борци активно ги користат симболите на Руската ослободителна армија, која соработувала со нацистичка Германија за време на Втората светска војна.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.