ВИДЕО: Срамен елитизам: Шекеринска плука по борците кои ги посети

Во текот на вчерашниот ден, вториот човек на СДСМ, Радмила Шекеринска во Домот на сојузот на борци во Куманово ги посети воените ветерани и бранители каде по старата македонска традиција беше пречекана со леб и сол.

Жени во народна носија ја чекаа Шекеринска да ја послужат со леб и сол кој Шекеринска откако го зема и се послужи пред камерите, веднаш потоа го плука. Ваквиот срамен чин претставува тешка навреда и плукање како врз бранителите и борците кои ги посетува, така и е навреда и прекршување на оваа стара македонска традиција која со векови го симболизира гостопримството, пишува Курир.

Таквиот срамен елитизам на СДСМ и Шекеринска покажува своевидна глума и однароденост. Таа со чувство на гадење, само пред лицето на камерите се гушка со луѓето кои зад грб ги плука. Вистинското лице на Радмила Шекеринска се состои во елитизам и ужување во богатство.

За тоа каков елитизам тера Шекеринска најдобар доказ е нејзиниот одмор летово кој освен тоа што вредеше илјадници евра таа беше сликана на грчките острови како крстари со ултра скапа јахта која го носеше името на нејзината ќерка а пловеше под грчко знаме. Ова говори дека таа не ги разбира потребите на обичниот народ и само глуми пред камерите во обид да манипулира.

jahtasekerinskaaa

jahtasekerinska22

Освен тоа Грција е омилената дестинација и на лидерот на СДСМ Заев, каде Заеви поседуваат и хациенда на брегот до грчкото море на Хаклидики.

Луксузниот живот на Шекеринска може да се види и по бројот на недвижнини со кој располага. Таа заедно со нејзиниот сопруг Божидар Јанковски, не еден туку 4 стана издавале под кирија и тоа самите на себе односно на фирмата каде директор е сопругот на Шекеринска.

Според документите кои беа објавени семејството на заменичката на Заев во периодот од 2009 до 2013 година само за кирии самите на себе си платиле неверојатни над 320.000 евра или нешто над 20 милиони денари.

Исто така Радмила Шекеринска располага и со вила на Маврово која ја криеше од јавноста.

1500mavrovo

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.