ВИДЕО Србија поплавена: За една ноќ падна дожд колку за еден месец

384

Потресни слики стигнуваат од поплавените подрачја во соседна Србија, а метеоролозите најавуваат дека опасноста од премногу дождови не е помината.

Според најавите реката Сава ќе биде во пораст и ќе ја надмине границата на редовна одбрана кај Белград и кај Шабац, поради што издадено е хидролошко предупредување. Според него, до среда ќе има зголемување на нивото на водата на реките Бјелица, Моравица, Скрапеж, Џетиња, Гружа како и во горните текови на Западна Морава и Ибар.

Кај реките во Војводина се очекува нивото да расте до четврток.

Поради големите количини дожд кои ја погодија Србија, во ноќта меѓу неделата и понеделникот, бројни реки и нивни притоки се излеаја од коритата, поплавувајќи цели села, улици и ораници. Прогласена е вонредна состојба во сите општини каде што се излеала водата, а на терен се бројни спасувачки екипи.

Метеоролозите објаснуваат дека во една ноќ паднало толку дожд колку што паѓа во текот на целиот месец,  поради поместување на голем облачен систем, кој на Србија дојде од Бугарија и Грција.

Во големите поплави вчера, загрозени се жителите од централна и јужна Србија, екипите на секторот за вонредни ситуации заради најавени нови дождови и денеска се подготвени за акција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.