ВИДЕО: Среќата на малиот Дилан кога прв пат слушна музика

Неизмерна е среќата на  22-месечниот Дилан Липтон кога за прв пат слушна музика.

Дилан неодамна добил апаратче за слушање и благодарение на него слуша за прв пат во животот, а тоа ново искуство очигледно силно го израдувало, па тој не може да престане слатко да се смее.

Неговата мајка го објавила видеото на YouTube, која вели дека новата занимација на малиот Дилан е слушање музика и „свирање“ клавир.