ВИДЕО| Српската амбасада со остра осуда за вандализмот врз Конзулатот во Куманово

Амбасадата на Република Србија во Македонија најостро го осудува вандалскиот чин што се случи вчера, кога од фасадата на зградата на Конзулатот на Република Србија во Куманово во доцните вечерни часови, младо машко лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстрани таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик.

„Амбасадата на Република Србија во Скопје изразува длабока загриженост во врска со вчерашното сквернавење на државните симболи на Република Србија и загрозување на безбедноста на просториите на Конзулатот на Република Србија во Куманово, особено имајќи го предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и резиденцијални објекти наменети за членовите на дипломатскиот персонал на Република Србија, не е првпат да бидат предмет на вандалски напади на територијата на РСМ.

Во овој поглед, Амбасадата нагласува дека е целосно посветена на соработка со надлежните органи на РСМ, со цел што поскоро откривање и процесуирање на сторителот на насилниот чин, чиј идентитет може недвосмислено да се утврди врз основа на достапните снимки од безбедносни камери.

Амбасадата на Република Србија останува посветена на негување пријателски односи со Република Северна Македонија и изразува уверување дека надлежните органи на земјата домаќин, во духот на развиените билатерални односи и добрососедството, ќе направат сѐ за да се реши овој случај на адекватен начин. Но, имало и оштетени возила за што полицијата приведе едно лице во Куманово“, реагираат од Амбасадата.