
Големиот пожар ја уништи напуштената фабрика за шапки во централната област на австралиската метропола Сиднеј и ги принуди службите за вонредни состојби да ги евакуираат станбените згради пред пожарникарите да успеат да ја стават под контрола стихијата во која нема настрадани.
Повеќе од 30 противпожарни возила и 120 пожарникари се справувале со пожарот во седумкатницата близу централната железничка станица во четвртокот попладнето по локано време, објави противпожарната бригада од Нов Јужен Велс и комесарот на спасувачките служби Џереми Февтреил.
Стотици луѓе од многу фреквентната станица од безбедна дистанца следеле како се уриваат ѕидовите и паѓаат на улицата којашто претходно службите ја испразниле.
„Пожарот е ставен под контрола, но ќе бидат потребни часови потполно да биде изгаснат“, рекол Февтреил за новинарите.
Додал дека жителите од околните згради биле евакуирани и оти нема повредени, како дека десетина тимови на службите сѐ уште се на местото на пожарот.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.