(ВИДЕО) Стојаноски: Власта три години не реализираше ниту еден проект во Дексион, ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го промени

Bo населеното место Дексион, најдобро може да се види и на централно и на локално ниво како СДСМ ја управува општина Ѓорче Петров. Ниту еден проект, многу лаги и ништо, ништо, ништо од најавената работа, посочи во четвртокот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

„Тука може да се види дека месната заедница која што е изгорена веќе неколку месеци не е санирана, игралиштето коешто го направи ВМРО-ДПМНЕ е затворено ама е полно со дупки, исечени се головите и кошовите и е тотално руинирано. Ветуваа дека ќе изградат нова амбуланта, потпишаа меморандум со Мила Царовска и Венко Филипче, а од тоа нема фрлено ниту една цигла“, реле Стојаноски.

Ги повика проектот кој беше изготвен во 2016 година само да ги отворат сите постапки и да продолжат со градбата за да ја изградат таа амбуланта којашто, како што истакна Стојаноски, по обновата на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе ја изгради за граѓаните од овој дел од општината Ѓорче Петров.

„Ние ќе се грижиме подеднакво за сите, ние нема да ветуваме лажни капитални проекти како клинички центар во Ѓорче Петров, како амбуланта, како градинки, да потпишуваме лажни меморандуми со најнеработливите министри од владата, туку ќе ги засукаме ракавите и со многу напорна и упорна работа ќе успееме да го направиме Ѓорче Петров поубаво место за живеење за сите граѓани“, заклучи Стојаноски