(ВИДЕО) Стоилковски: Заев удри врз народот, растури карневал поради исмевање на неговите политики

Нервозата на власта на Заев е очигледна. Вчера со полиција, насилно и брутално се растеруваа учесници на Вевчанскиот карневал, традиција долга илјадници години. Очигледно дека однародената власт на Заев не можеше да поднесе како преку хумор и маски се критикува нивната политика и анационалното владеење, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Вчера Заев вчера удри по својот народ. Не држи вода никакво оправдување да тепаш маскирани учесници во карневал, особено не во Вевчанскиот карневал, а да молчиш за фештите кои што ги правеа функционерите на СДСМ во Штип, на забавите среде Скопје во локалите на луѓе блиски до власта, за роденденските прослави во институциите, за десетици други примери на прекршувања и на собири. Окупаторските власти биле Македонија, па ова не го правеле – вели Стоилковски.

Дека и гори на власта под нозе, и гори, ама ваква бруталност не може да ги покрие сите срамни политики и криминали на Заев и камарилата покрај него, додаде Стоилковски.

– Народот гледа како се подготвува насилен попис надвор од сите европски стандарди, народот гледа какви концесии се подготвуваат да исплати Заев кон Бугарија, народот гледа како се тргува со историјата и идентитетот и срамното прекинување на Вевчанскиот карневал нема да го покрие тоа. Напротив ова уште една капка во преполнетата чаша.

Заев за бруталноста во Вевчани ќе сноси одговорност затоа што го прави тоа кое што ниту една турска, бугарска, српска или комунистичка власт не го направила во Вевчани – порача Стоилковски.