(ВИДЕО) Стонси го објавија новиот хит „Living in a ghost town“

Британските рок ветерани The Rolling Stones го објавија во четвртокот својот нов сингл „Living in a ghost town “ (Живеејќи во градот на духовите) инспириран од глобалната изолација како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот

Првата нова композиција по 2012 година е снимена во „Лос Анцелес, во Лондон и во изолација“, објави бендот.

„Бевме во студиото The Stones, снимавме некои материјали пред мерките и тука беше една песна за која мислев дека ќе одекне во времињата во кои живееме“, вели Мик Џегер, 76-годишниот фронтмен на групата во видео пораката.

„Нејзиниот наслов е ‘Living in a ghost town’ и се надевам дека ќе ви се допадне“, додаде Џегер.

Неговиот врсник, гитаристот Кит Ричардс, во засебна порака вели дека песната е дел од нов албум.

„И тогаш ова ср… се случи и Мик и јас одлучивме дека ова треба да оди веднаш“, рече Ричардс.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.