ВИДЕО| Стотици повредени во новите судири на Платото на џамиите во Ерусалим

Повеќе стотини Палестинци се повредени во понеделникот во новите судири со израелската полиција во комплексот на џамијата Ал Акса на Платото на џамиите во источен Ерусалим, во продолжувањето на насилната седмица во Светиот град.

Новите судири се случија на Денот на Ерусалим со кој по хебрејскиот календар се слави освојувањето на Стариот град на Светиот град во Шестдневната војна во 1967 година, кога Државата Израел зазема голем територии во опкружувањето кои ги контролира и во моментов.

Од рано утрото во понеделникот, стотици а според некои медиуми и илјадници Палестинци, фрлаат проектили врз израелските безбедносни сили на Платот на џамиите, третото најголемо светилиште на муслиманите, кои хебреите го нарекуваат Брдото на храмот. Репортерот на AFP видел неколку десетици повредени, кои со возила на итната помоп се однесени од Платото.

„Во судирите се повредени стотици лица, од кои педесеттина се хоспитализирани“, објави палестинската Црвена полумесечина.

Изралеската полиција соопшти дека работи на запирање на насилатвата на Платото на џамиите, но и „во другите делови на Стариот град на Ерусалим“.

„Молитвата продолжува вообичаено на Ѕидот на плачот, западниот ѕид на Брдото на храмот, но нема да им дозволиме на екстремистите да бидат закана за безбедноста на граѓаните“, соопшти полицијата.

Во петокот вечерта на истото место во судирите меѓу Палестинците и израелската полиција повредени се повеќе од 200 лица, повеќето Палестинци. Во саботата и неделата на Платото на џамиите беше мирно, но двете страни се судрија во другите делови на источниот, мнозинско муслимански дел на Ерусалим.

Во неделата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел ќе „продолжи да ја осигурува слободата на молитвните и нема да дозовли насилни немири“.

„Ќе ги одржиме законот и редот, цврсто и одговорно“, изјави Нетанјаху, кој претходната седмица не успеа да ја формира владата и по четвртите парламентарни избори во две години. Претседателот Реувен Ривлин мандатот за формирање на владата му го додели сега на Јаир Лапид, центристичкиот ривал на Нетанјаху.

Нетанјаху во понеделникот повторно го бранеше израелското населеување на источен Ерусалим, повторувајќи дека „Ерусалим е престолнина на Израел“. „Како што секоја држава ја гради својата престолнина, тоа право го имаме и ние. Тоа го правевме и тоа ќе го правиме“, порача најдолговечниот израелски премиер.

Следните информации се извадоци од забелешките на премиерот Бенјамин Нетанјаху,  (недела, 9ти мај), на почетокот на специјалниот состанок на кабинетот, во Градското собрание на Ерусалим, за одбележување на Денот на Ерусалим:

„Во моментов сме сведоци на насилни нарушувања во Ерусалим под влијание на агитатори. За време на викендот, одржував тековни проценки за состојбата со министерот за одбрана, министерот за јавна безбедност, началникот на генералштабот на ИД, генералниот инспектор на полицијата во Израел, шефот на ИСА, шефот на Советот за национална безбедност и други претставници .

Нема да дозволиме ниту еден екстремистички елемент да ја наруши тишината во Ерусалим. Ние ќе го почитуваме редот и законот – енергично и одговорно. Ние ќе продолжиме да ја чуваме слободата на обожавање за сите вери, но нема да дозволиме насилни нарушувања.

Во истиот здив, им велам на терористичките организации: Израел моќно ќе одговори на секој агресивен акт од Појасот Газа. Ерусалим е престолнина на еврејскиот народ илјадници години. Нашите корени во Ерусалим се враќаат во библиските времиња. Нашата постојана врска со Ерусалим се одржува во сите генерации. Секој археолошки наод ја потврдува силата на оваа врска. Го откриваме минатото на Ерусалим дури и додека ја обезбедуваме неговата иднина.

54 години Ерусалим е обединет под власта на демократската држава Израел. Кога ќе се погледне наназад илјадници години еврејско владеење и странско владеење, и денес повторно под држава на Евреите, само под суверенитетот на Израел е обезбедена целосна и постојана слобода на обожување за сите вери, и со тоа ќе продолжиме .

Во исто време, ние го развиваме Ерусалим во секоја сфера: градежништво, транспортна инфраструктура, вработување, хај-тек и наука, наследство, култура, уметност и многу повеќе. Ние категорично ги отфрламе притисоците да не се гради во Ерусалим. За жал, овие притисоци се зголемуваат доцна. Им кажувам и на нашите најдобри пријатели: Ерусалим е главен град на Израел. Како што секој народ го гради својот главен град и во неговиот главен град, така и ние го задржуваме правото да го градиме Ерусалим и во Ерусалим. Ова е она што го направивме и што ќе продолжиме да го правиме“, ја цитира неговиот кабинет изјавата Нетанјаху на почетокот на специјалниот состанок на кабинетот, во Градското собрание на Ерусалим, за одбележување на Денот на Ерусалим во понеделникот.

Источен Ерусалим е една од териториите кои Палестинците ја сметаат за дел од нивната идна држава, вклучително и како нејзина престолнина. Израел, пак, и покрај противењето на голем дела од меѓународната заедница, кои источен Ерусалим и Западниот брег (на реката Јордан) ги смета за окупирани палестински територии во војната во 1967 година, Светиот град го прогласи за своја „историска и неделлива еврејска престолнина“.

Преговорите за формирање на палестинската држава, како дела мировниот план со ткн „решение со две држави“, кои се водеа под покровителство на САД, беа прекинати во 2014 година токму поради оваа одлука на Израел да го прогласи Ерусалим за свој главен град. Следните години, прво САД а потоа уште неколку држави донесоа одлуки за преселување на своите амбасади од Тел Авив во Ерусалим признаввајќи го така за израелска престолнина. Тоа го предизвика гневот на Палестинците и нивните сојузници, главно мулиманските земји, па израелско-палестинските преговори се повеќе години во ќорсокак.

Тензиите изминатите седмици ексалираа и поради заканите за палестински семејства во квартот Шеик Џара во источен Ерусалим, за да се иселат и да го ослободат просторот за населување еврејски семејства. За ова прашање во понеделник требаше да се одржи сослушување пред Врховниот суд, но беше откажано „во атмосферата на актуелниот контекст“.