(ВИДЕО) Стотина скијачи два часа минаа во заглавена жичница во француските Алпи

Механички дефект на планинска жичница во источна Франција во неделата беше причина 97 луѓе да минат повеќе од два часа во заглавените кабини, пренесува веснико Le Parisien.

Инцидентот се случил во зимското одморалипште Сер Шевалие, во департманот Високи Алпи, на надморска височина меѓу 2.200 и 2.500 метри.

Локалната спасувачка служба и планинската жандармерија ја организирале операцијата за евакуација на скијачите. Притоа биле користени хеликоптери и копнени средства, со кои можеле сите корисници на жичницата да бидат симнат на земјата од височини од повеќе од десет метри.

Како што соопшти спасувачката служба, во инцидентот нема настрадани. Додаваат дека проблемите биле пријавени веднаш по 15 часот, а операцијата на евакуација била завршена во 17,15 часот.