ВИДЕО| Стоунси го претставија новиот албум „Hackney Diamonds“

Легендарниот британски рок-бенд Rolling Stones во средата во татарот „Hackney Empire“ во Лондон го претставика „Hackney Diamonds“, својот прв албум со оригинална музика по 18 години и прв по смртта на тапанарот Чарли Вотс кој свиреше на две песни од албумот.

Мик Џегер, Кит Ричардс и Рини Вуд, јадрото на бендот кој одбележува 61 година од формирање, се појавија на сцената на лондонскиот театар на кој зборуваа за албумот, а потоа премиерно беше емитуван видео-спотот за синглот „Angry“ во кој се појавува актерката Сидни Свини.

Осумдесетгодишниот фронтмен Мик Џегер изјави дека бендот е „доста наострен“ за снимање нова музија.

„Секој ден минувавме из две или три месни, така што го одржувавме доброто расположение“, рече Џегер по претставвуањето коешто беше пренесувани во живо. Додаде дека албумот има совемен звук, со мешавина на рок, балади, денс и кантри.

Ричардс, чиешто партнерство со Џегер во пишувањето песни е едно од најтрајните и најупсешните во историјата на рок музиката, рече дека смртта на Вотс во 2021 година го поттикнала бендот на снимање нова музика.

„Мислам дека поради заминувањето на Чарли чувствувавме дека сѐ уште постоиме, и дека и натаму би требали да го задржиме својот идентитет, и дека би требало уште да зборуваме ‘Еј, па тоа е само рокенрол… А ние сѐ уште сме тука’“, рече 79-годишниот Ричардс.

Поранешниот басист Бил Вимен, новиот тапанар Стив Џордан, поранепниот „битлс“ Пол Маккартни и легендарниот Стиви Вондер учестувале во снимањето на албумот.

Вуд рече дека Маккартни, кој свирел бас на една нумера, бил „одушевен“ од снимањето со бендот, кој своевремено беше најголемот конкурент на неговите The Beatles според своето влијание врз рок-музиката во 1960-те години.

Албумот со 12 песни го продуцирал наградуваниот продицент Ендрју Ват, а сниман е на разни локации, вклучително и Лондон, Лос Анџелес и Насау.

Тројцата „стоунси“, сите облечени во црно, пристгнаа со лондонско такси украсено со славното лого на бендот со исплазениот јазик и усните. Џегер својата влезница ја платил во готово.

„Не сакам да бидам тврдоглав, но не би го издале овој албум доколку навистина не ни се допаднеше“, му рече Џегер на водителот на американското ток-шоу Џини Фалон на сцената.

Обожавателите го чекаа објавувањето на новиот албум откако во август во локалните весници се појави мистериозен оглас, со алудирање на некои од најголемите хитови на бендот и називот на новиот албум.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.