(ВИДЕО) Страотна несреќа во Белград со две жртви, за да ги извлечат заробените ги сечат возилата

Две лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово во 6 часот во Белград пред зградата на Владата на Србија. Во старотната сообраќајна несреќа учествувале комбе и патнички автомобил од марката БМВ.

На лице место веднаш пристигнале брзата помош и противпожарна служба. За да ги извадат жртвите од возилата пожарникарите морале да ги сечат автомобилите кои учествувале во несреќата. Од силината на ударот не постоела можност на друг начин да се извади едно од повредените лица. Во Ургентниот центар се префрлени осум повредени лица.

Според првичните сознанија до несреќа дошло кога возачот на автомобилот БМВ поминал на црвено светло на семафор и удрил во комбето. Автомобилот БМВ по судирот со комбето завршил и во зградата на Владата на Србија, додека комбето на тротоарот од улицата.