Високата кула во јужното предградие на Милано целосно изгоре во страшен пожар денеска, а зградата од 15 ката е целосно уништена, јавија италијанските медиуми.
Првата дојава за пожарот пожарникарите ја примиле во 17:36 часот, а зградата брзо почна да гори. Огромниот облак од чад се гледа и од оддалеченост од неколку километри, а на снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа дека зградата изгоре во целост.
-Кога стигнавме видовме пламен како избива од еден прозорец и стигнавме на време да ги евакуираме луѓето“, рекоа припадниците на Итната помош.
Се уште не се знае дали некој останал во зградата во која живееја најмалку 70 семејства и која за кратко ја проголта пожарот.
#Incendio #milano #grattacielo #viaantonini pic.twitter.com/2ZWSBfekPH
— Bornking (@Kingborn) August 29, 2021