(ВИДЕО) Судир меѓу Хезболах и Израел на израелско-либанската граница

129
(Photo by Jalaa MAREY / AFP)

Припадниците на Хезболах ги нападнале во понеделникот единиците на израелската војска на либанско-израелската граница, како одговор на конинуираните израелски напади врз шиитското движење во Сирија и во Либан.

Израелската војска наведува дека на границата се случил „безбеносен инцидент“, а израелските медиуми пушуваат дека имало размена на оган со силите на Хезболах, моќното шиитско движење во Либан, кој е сојузник на Иран во регионот.

Меѓутоа, Хезболах ги негираше информациите дека негови формации се вклучени во судирот на јужната либанска граница.

„Не сме вклучени во никаков вооружен судир, и од наша страна до овон момент не е отворен оган. Оган е отворен од позициите на непријателот, кој се плаши, и е загрижен и збунет“, се наведува во официјалната изјава на Хезболах за светските агенции.

Репортерите на либанската телевизија на арапски јазик al-Manar јавија дека израеслките сили ги гранатирале областите кај селото Кфарбува во јужната либанска провинција Набатие, додека изралески борбени авиони надлетувале над месноста позната како Фарм Шебаа, која Израел ја окупираше во Шестдневната војна во 1967 година,

Израелската војска им наредила на жителите во областа близу судирите да не излегуваат од своите домови. Засега нема информации за настрадани.

Очевидец за агенцијата Reuters рекол дека десетина израелски гранати паднале во областа Шебаа, близу израелските позиции.

Во текот на денот се огласија и Привремените сили на ОН за Либан (UNFIL), кои ја надзираат заземената територија, повикувајќи на „максимално ограничување“ на дејствијата, додавајќи дека престрелките престанале.

„Генерал-мајорот (Стефано) Дел Кол е во контакт со двете страни за да ја процени ситуацијата и да ја намали тензијата и ги повика на максимална воздржаност… Престрелките во моментов престанаа“, се наведува во соопштението на UNFIL.

Либански извори наведуваат дека нападот на Хезболах е одназда за загинувањето на борци на движењето во изралескиот воздушен напад крај сириската престолнина Дамаск, минатата седмица, кога изралеските сили ракетираа подрачја и на Голанската висорамнина.

По нападите на израелските сили врз припадниците на Хезболах кои во Сирија се борат на страната на алавитскиот претседател Башар ал-Асад, лидерот на шиитското движење Саџед Хасана Нусрала вети дека ќе следува одговор на секое израелско убивање на борците.

Израел смета дека пристуството на Хезболах и Иран во Сирија претставуваат стратешка закана за неговата безбедност, бидејќи борците на либанското движење во сириската војна се здобија со големо борбено искуство. Но порача дека немал намера да ликвидира виден членк на либанското движење, како што објави Хезболах.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.