(ВИДЕО) Судир меѓу полиција и демонстранти во Лондон, уапсени 32 лица

32

Полицијата во Лондон синоќа уапси 32 лица на протестот против рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Протестот дојде како последица на изјавата на британскиот премиер Борис Џонсон дека размислува за повторно воведување на одредени мерки низ цела Англија. На плоштадот Трафалгар се собраа над 1.000 луѓе, а немирите избувнаа кога полицијата се обиде да ги растера демонстрантите.

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Слобода – не страв” и „Измама” а кон полицијата извикуваа „Избери страна”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.