(Видео) Судир на цистерна во камион причина за несреќата во Болоња

207

Судир на цистерна наполнета со запалива течност во камион е причина за големата трагедија што се случи околу 14 часот во предградието на Болоња, во која загинаа двајца, а над 70 лица се повредени.

Полицијата објави видео на кое се гледа момантот на несреќата, како и последиците од истата. На дел од автопатот кој води кон аеродромот во Болоња е отворена голема дупка.

Нејасно е зошто возачот на цистерната не го сопира возилото, иако се гледа дека колоната камиони пред него е забавена, а нема обид ниту да подзапре. Бидејчи возачот најверојатно е загинат непознато е дали можеби заспал зад воланот или нешто му се случило, или пак откажале сопирачките.

Освен на автопатот, големи оштетувања има и на околните згради, а уништени се голем број на возила

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.