(видео) Судир на демонстрантите и полицијата во Солун

Полицијата со солзавец и шок бомби се обидува да ги растури протестите во Солун откако 50-тина маскирани демонстранти се судрија со полициските сили и почна да фрлаат молотови коктели кон зградата од Меѓународниот саем каде присуствува премиерот Алексис Ципрас.

Демонстрантите протестираат против Договорот од Преспа, па насилно се обидоа да влезат во Саемот, но беа спречени од полицијата.
Ситуацијата е се уште е напната, објавија грчките медиуми, посебно што демонстрантите не се повлекуваат, туку ги напаѓаат полицајците со знамиња и камења.

Демонстрациите се организирани од грчките „Панмакедонски здруженија“ и „Комитетот за борба за Македонија“ кои се противат на договорот од Преспа. Истите се организирани откако во Македонија зачестија посетите на запдните дипломати за поддршка на престојниот референдум.

https://youtu.be/Cq6AJUtz5Bs?t=28

Демонстрантите кои тргнаа од Белата кула во Солун порано од предвидениот термин извикуваа погрдни слогани против солунскиот градоначалник Бутарис и грчкиот премиер Ципрас. Во центарот на Солун има околу стотина полицајци.
Покрај протестите за името, уште три различни протести го тресеа Солун. Се протестираше поради економската ситуација во земјата, со барање да се поништат сите мерки што произлегуваат од меморандумите.