(Видео) Судир на полицијата и навивачите во Париз

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Париз за да ја прослават победата на својот национален тим на Светското првенство и пласманот во финалето. За жал, прославата ја одбележаа судири на навивачите со полицијата и солзавци.

Како што пренесуваат агенциите, навивачите фрлале ракети, палени се факели, направен е и огномет, по што дошло до конфликт со полицијата. Навивачите фрлале камења, шишиња и факели врз полицијата, а судирот со органите на редот треле неколку часа.

На крајот полицијата морала да користи солзавец. Биле ангажирани сите расположиви сили на полицијата во Париз, но ова не беше доволно за да се спречат насилните обожаватели кои ги претворија главните улици на Париз во бојното поле, објави ББЦ.