(ВИДЕО) Судирите во француски Бајон ескалираа во насилни безредија

Судирите меѓу противиниците на самитот на „Големата седумка“ и полицијата во францускиот град Бајон ескалираа во саботата вечерта во насилни безредуија, пренесуваа локалните медиуми.

Демонстрантите со помош на разни предметисе убиделе да ги уништат полициските бариер, а притоа маскирани хулигани со цигли од околните згради и троторарите ги гаѓале припадниците на силите на редот.

Полицијата, пак, употребила созлавец и чадни бомби, како и ткн шок-гранати, кои ги заглушиле новинарите коишто известуваат од местото на настанот. Репортерите јавуваат дека група полицијаци излегла од просторот зад бариерите и жестокот тепала демонстрант кој претходно го собориле на земја.

По судирот, демонстрантите се повлекле. Се собрале во една од соседните улици, каде земале здив и ги плакнеле очите и лицето од созлаваецот.

Бајон се наоѓа недалеки од Бијариц каде се одржува самитот на седумте индустриски најразивени земји Г7. Според официјалната програма на овој состанок на врвот, во текот на судирите во Бајон, беше планирана заедничка вечера на седумте челници.