ВИДЕО: Суперхикс промовираат нов видео спот за песната „Безгрешен“

117

Подгответе се за ска-панк експлозија! СУПЕРХИКС имаат нов видео спот за песната „Безгрешен“ кој премиерно ќе биде прикажан на „Ем-ти-ви“ каналот утре  во 20  часот, во рамки на „Ем-ти-ви Премиера“.

Спотот за песната „Безгрешен“ неодамна е снимен во кумановскиот театар. На спотот работеа Слободан Петрушевски како директор на фотографија, за шминката беше задолжена веќе етаблираната филмска уметница Мојца Горогранц, на која и помогаше Анастасија Башеска, за монтажата беше одговорен Благоја Неделковски, а Влатко Чочоровски е арт директор на спотот.

„Безгрешен“ е дел од „Африка“, последниот албум на СУПЕРХИКС и по видео синглот „Скок“, кој бендот го објави минатата година, најавните синглови „Африка“ и „На лута рана“, „Безгрешен“ е четвртиот сингл од албумот кој добива свое видео.

Дружината на СУПЕРХИКС банда инструментале, подмладена, проширена и надградена, оваа година активно тргна во прослава на 20 години постоење на бендот. По тој повод во април 2014 ќе биде објавено и „Greatest Hits“ ЦД изданието кое ќе биде проследено со прослава на 20 годишнината од постоењето на бендот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.