(ВИДЕО) Сведоштво на натепаниот професор од Усеини

Див приклучок на водоводната мрежа причина за нападот врз професорот Иљаз Иљази.

„Ме удри, ме влечеше по земја па ми се закани дека ќе ме убие“, раскажа пред камерата на ТВ 24  професорот Илјаз Илјази.

Тој тврди дека вчера пред неговата зграда во охридската населба Даљан бил брутално нападнат од советникот Нефи Усеини оти претходно и до мајсторите и општинските јавни претпријатија се побунил дека има проблем со водснабдувањето во неговата зграда.