(ВИДЕО) Светската премиера на филмот „Ѕвездата е родена“ на Венецискиот фестивал

Светската премиера на филмот на Бредли Купер под наслов „Ѕвездата е родена“, во којашто главните ролји ги толкуваат самиот Купер и американската пејачка ѕвезда Леди Гага, ќе се одржи на 75-то издание на Венецијански филмски фестивал, објави во понеделникот прес-службата на една од најстарите и најпрестижни филмски смотри во светот.

„Венецискиот филмски фестивал објавува дека премиерата на долгометражното режисерско деби на четирикратно номинираниот кандидат за наградата Оскар, Бредли Купер и воедно деви како актерка во0 уметнички филм на Леди Гага, ‘Ѕвездата е родена’ ќе биде одржана вон конкуренција“, се наведува во соопштението.

Во прес-материјалот објавен на интернет страницата на фестивалот се истакнува дека премиерата е закажана за петок 31-ви август во големата сала на кино дворецот на островот Лидо.

Филмот на Купер е своевиден римејк на филмот од 1973 година и зборува за музичарот Џексон Мејн и пејачката којашто штотуку ги прави првите чекори на сцената Ели. Таа е подготвена да ги напушти сите свои мечтаења за сцената, кога Мејн ја прави популарна. Но додека развојот на нејзината кариера добива нов тек, личните односи меѓу двајцата уметници наидуваат на сериозни искушенија.

Во филмот ќе се слушне оригиналните нумери напишани од Купер и Гага заедно со други музичари, меѓу кои Лукас Нелсон, Џејсон Исбел и Марк Ронсон, се додава во соопштението.