(ВИДЕО) Светски рекорд – Етиопија засади 350 милиони дрвца за еден ден!

120

Во Етиопија е поставен нов светски рекорд со засадување на повеќе од 350 милиони дрвја за еден ден.

Кампањата под наслов „Зелено наследство“ има за цел да ја пошуми земјата за да ги спречи еколошките катастрофи што се резултат на климатските промени и процесот на сечење. Милиони граѓани одговорија на зелената иницијатива што ја објави премиерот на земјата, Абиу Ахмед. На државните службеници им беше дозволено да заминат од своите работни места за садење нови садници. На крајот на активноста, властите објавија дека волонтерите за само 12 часа засадиле над 353 милиони 633 илјади дрвја.

 До октомври, Етиопија планира да засади околу четири милијарди нови садници. Северо – источната африканска држава има шумска површина на само 4 проценти од територијата, простор што е намален за осум пати во однос од пред 100 години. Земјата страда од ефектите од климатската криза, со деградација и ерозија на земјиштето, уништување на шумите и постојани поплави што го оштетија локалното земјоделство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.