(ВИДЕО) Тајфунот Мангкут однесе најмалку 13 животи на Филипини

Најмалку тринаесет луѓе смртно настрадале во одроните на земјиште и поплавите кои на Филипини ги предизвика тајфунот Мангкут, известија во саботата функционери.

Двајца спасувачи, тринаесетгодишно дете и четиричлено семејство ги загубиле животите во одрон на земја во северните покраини Бенгует и Нуева Визкаја. Во блискиот град Багуји во одрони на земјиште загинале пет лица, соопшти градоначалникот Маурисо Домоган, додавајќи дека пет лица се водат како исчезнати. Во Пасига, предградие на филипинската престолнина Манила, под мост на надојдената река Марикина полицијата извлекла тело на тинејџерка. Медиумите јавуваат и дека како последици од дејството на тајфунот загинала жена и на Тајван.

Тајфунот Мангкут го погоди поширокото порачје на северен Филипини го саботата, а врнежите и силните ветрови го прекинаа снабдувањето со електрична енергија за повеќе од 4 милиони луѓе, корнеа покриви и уриваа стебла. Властите велат дека некои области не било возможно да бидат контактирани, бидејќи 22-от и еден од најсилните тајфуни кои го зафатија поширокиот регион годинава, го прекинал снабдвуањето со електрична енергија и комуникациите.

Тајфунот предизвикал одрон и врз градот Багао во покраината Кагајан, северно од Манила, а ветерот кој ја погодил оваа покраина и блиските подрачја дувал со брзина од 260 километри на час.

Тајфунот кој е најсилниот досега годинава кој мина низ Филипини се придвижил западно кон јужна Кина или Хонгконг каде што се очекуваат ветришта со брзина од 45 до 52 метри во секунда, според тамошната метеоролшка агенција, и се очекува до саботата вчерта Филипини да бидат надвор од неговиот досег.

Најмалку 15.616 луѓе ги напуштиле своите домови во погодените области, според националната служба за ублажување на последиците од природни катастрофи. Властите првично наредија евакуација на повеќе од 800.000 жители, но некои сé уште одбиват да заминат, бидејќи сакаат да внимаваат на своите имоти. Десетици домашни и меѓународни летови се откажани, а повеќе од 4.500 луѓе се заглавени и во пристаништата бидејќи е забранет и поморскиот сообраќај.

Филипини секоја година во просек ги погаѓаат 20 циклони кои предизвикуваат поплави, одрони и други несреќи. Еден од најсилните во последно време, супертајфунот Хаијан, ја погоди островската земја во ноември 2013 година, го разори централниот дел од архипелагот оставајќи зад себе околу 6.350 загинати и 1.050 сé уште се водат како исчезнати, а повеќе од 4 милиони лица мораа да ги напуштат своие домови.