ВИДЕО| Таjландско семејство не мoже да се ослободи од гигaнтскиот несакан гостин

Многу семејства кои живеат во шумски области на рабовите од џунглите стравуваат од oна што сѐ може да наидат откако ќе се разбудат наутро, но едно домаќинство во Тајланд билo шокирано кога здогледале слон како пребарува по нивната кујна.

„Повторно дојде да готви“, напиша на Facebook шеговито Китчаи Будчан под објавата на видеото кое го снимил овој викенд, а на кој се гледа главата на слон во неговата кујна.

Веројатно водено од глад во текот на ноќта џиновското животно „ѕирнало“ во кујната во Китчаи во раните утрински часови во неделата, користејќи ја сурлата да ја пронајде храната.

Во еден момент слонот подигнал пластична вреќичка во која имало течност, кусо ја прегледал а потоа ја ставил во устата, а видеото тука запира.

Китчаи и неговата сопруга живеат близу националниот парк на западот од Тајланд, покрај езеро каде што слоновите често се капат додека талкаат низ џунглата. Не бил вознимирен од појавата на огромното животно, препознавајќи го како редовниот посетител кој често доаѓа во домовите во неговото село каде јаде, а потоа се враќа назад во џунглата.

Слонот всушност го уништил ѕидот од нивната кујна уште претходно во мај, поради што Китчаи направил отворена кујна со отвор кој потсетува на шалтерите за послужување на поминување.

Овој викенд слонот бил воден единствено од желбата да најде храна. Китчаи вели дека главното правило по прашање е на неканетите гости да не им се дава храна.

„Кога не добиваат храна, самите си заменуваат. Веќе свикнав на доаѓањето на слоновите, така што не сум загрижен“, вели Китчеи за AFP.

Дивите слонови се зачестена појава во тајландските национални паркови и во областите коишто ги опкружуваат, каде земјоделците понекогаш пријавуваат дека гладно стадо слонови им го јадат и уништуваат летините.