ВИДЕО| Талат Џафери го изгуби компасот, не сака да зборува за синот обвинител, но ги вмеша децата на пратеникот Јанушев

Жестока караница се случи во Собранието меѓу Талат Џафери од ДУИ и пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев. Расправијата се случи поради скандалозниот избор на синот на Талат Џафери за обвинител, како и неговото спорно влегување на Академијата за судии и обвинители, без притоа целосно да си го оформи образованието.

Во еден момент на расправијата со Јанушев, Џафери ги загуби нервите и почна да кажува тешки навреди, недостојни за функцијата која ја обавува.