(ВИДЕО) Тензично во Будва, полицајци брутално го претепаа и уапсија градоначалникот на градот Марко Царевиќ

Тензично во Будва. Ваква беше сликата утринава пред општинската зграда, кога полицајците брутално го претепаа и уапсија градоначалникот на градот Марко Царевиќ. Со лисици на рацете завршија и неговиот син и брат, претседател на Општинското собрание на Будва, Крсто Радовиќ и уште петмина соработници. При акцијата биле искршени и прозорците на Општината, а полицијата употребила и хемиски средства.

Инцидентот се сличил затоа што уапсените не дозволиле инспектори да влезат во објектот. Иако полицијата се обидела да ја внесе инспекторката Царевиќ и Радовиќ давале отпор. Ова следи, откако минатата недела, Општинското собрание, ги сменило Царевиќ и Радовиќ и дозволило новоизбраните службеници слободно да може да влегуваат во Општината и да имаат пристап до документите. Поради денешниот инцидент, градот е под полициска опсада,а граѓаните излегоа на протест поради како што велат полициската бруталност.

При акцијата се искршени прозорци на општинската зграда, а полицијата употребила и хемиски средства. Десетина комбиња полни со полициски службеници  беа пристигнати во Будва каде што општинските функционери и граѓани ги имаат запоседнато просториите.

Како што пренесуваат медиумите, овој наплив на насилство е израз на нетпреливоста помеѓу властите во Подгорица и претставниците на Србите, која сега се префрла и на локално поле. Според неофицијални сознанија на српските медиуми, скриена причина за апсењето на градоначалникот на Будва наводно е неговата поддршка на литиите кои Српската црква ги организира против Законот за вероисповед во Црна Гора.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.