ВИДЕО: Тензично во Киев, полицијата пука, 35 ранети

Продолжуваат немирите во Киев, антивладините демонстранти се судрија со полицијата во близина на Парламентот.

Демонстрантите запалиле полициско комбе, а потоа фрлале со камења.

Протестантите маршиле по улиците на Киев кон зградата на Парламентот со цел да го притиснат претседателот Виктор Јанукович да се откаже од своите овластувања.

Меѓу тоа, околу 100 метри пред Парламентот полициски кордон им се испречил на патот. Протестантите со камења ги нападнале полицајците, а потоа со Молотов коктел го запалиле комбето. На ова, полицајците вратиле со димни гранати и гумени куршуми.

Снајперистите на покривите на зградите во Киев пукале врз гневната топла демонстранти. Според украинските медиуми, повредени се 35 демонстранти.

Повеќето од повредените се со повреди во пределот на главата, а две жени се здобиле со рани од гумени куршуми.

 

Според руската агенција „Интерфакс“ во судирите се повредени тројца војници од внатрешната војска.