9.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Видео: Тешка сообраќајна несреќа во БиХ, автомобил удрил во мотоцикл па се запалил

На магистралниот пат М-17 во местото Брадина помеѓу Сараево и Коњиц, утрово дошло до тешка сообраќајна несреќа во која се судриле автомобил и мотоцикл.

Како што наведуваат од почицијата, автомобиот се запалил откако се судрил со мотоциклот.

Во несреќата смртно настрадал мотоциклистот, потврдил претставникот на полицијата Људевит Мариќ, пренесе „Klix“.

Двете лица кои се наоѓале во автомобилот не се повредени.