На патот кон охридските плажи, односно на булеварот „Свети Наум Охридски“ попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа, објави порталот „Охриднет“.
Според првичните информации жена која управувала автомобил од Силекс кон Охрид, изгубила контрола и удрила директно во карпите над Хидробиолошкиот завод.
Со тешки телесни повреди е хоспитализирана и лекарите во моментов се борат за нејзиниот живот.
Порталот Охрид 1 објави ексклузивно видео од местото по сообраќајната несреќа.