ВИДЕО: Тодоров од Куманово: Македонскиот народ не простува предавство

Две ипол години нè малтретираа, се обидуваа да ја фрлат Македонија на колена. Две ипол години пробуваа да покажат дека кај овој народ може да помине предавство. Овој народ може да прости сè, ама македонскиот народ една работа не простува – предавство не се простува во Македонија, истакна вечерва од Куманово носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2  Никола Тодоров.

Тодоров вечерва се обрати пред младите, ветераните и како што рече хероите на Македонија во Куманово.

Во еуфоричната атмосфера и од салата каде ечеше „Едно име имаме“, Тодоров нагласи дека остануваат само уште неколку дена до победата на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.