(ВИДЕО) Том Круз доаѓа во Арачиново да го снима „Топ ган-Арачиново 300 пилоти“

За пилотите од Арачиново се расчу во целиот свет, па така познати фаци сакаат да станат дел од оваа пилотска школа. Прв на списокот е Том Круз кој сега ќе снима продолжение на легенадрниот филм „Топ ган“ кое во работен наслов „Топ ган – Арачиново 300 пилоти“.

Но тоа не е се, и многу згодни струјардеси се пријавија  да бидат дел од проектот „Арачиново 300 пилоти“ и за формирањето на најголемата авио-компанија во светот со седиште во Арачиново, како блиско место до аеродромот.

Други разбрале дека има повеќе пилоти отколку авиони, па веданш ипсратија најмодерни летала кои може да се забележат на скопските улици иии……..

Вака некако би можеле да се опишат досетките на социјалните мрежи по синоќешното сведоштво на жителите на Арачиново во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21 кои рекоа дека им било ветено дека ќе бидат вработени 300 пилоти од Арачиново.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.