(ВИДЕО) Топлото време ја стресе Меркел на пречекот на Зелински

Германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот го пречека во Берлин во прва државна посета неодамна избраниот претседател на Украина, Володомир Зелински, но додека воениот оркестар ги интонираше националните химни Меркел се чини имаше проблеми поради топлото време и едно време не можеше да го прикрие силното тресење колку и да се обидуваше да го сопре тресењето.

Канцеларката се почувствува лошо во текот на церемонијата во Берлин, Меркел почна да се тресе, и неколкупати ја смени позицијата на рацете, обидувајќи се да го смири треперењето на целото тело. Истовремено Зелински сосема спокојно го следеше интонирањето на свечените песни на двете земји. Подоцна кога заедно со украинскиот гостин вршеше смотра на почеснито вод, се чини дека тресењето на Меркел престана.

Канцеларката подоцна на конференцијата за медиумите рече дека се напила неколку шишенца со вода и оти се чувствувала подобро, припишувајќи ја непријатноста на топлото време невообичаено за овој период од годината, како и на дехидрирање.

Зелински, пак, појасни зошто не сторил ништо кога Меркел се почувствувала лошо на црвениот тепих. „Стоев веднаш до неа, и верувајте ми, таа беше сосема сигурна“, рече украинскиот претседател на прес-конференцијата

Зелински престојува во германската престолнина во прва државна посета на странска земја. Со Меркел ќе разговараат за билатерални прашања како и за спроведување на Минскиот мировен процес за решавањето на конфликот во југоистична Украина, кој од 2014 година предизвика крајно тензични односи меѓу Киев и Москва.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.