ВИДЕО: Торнадо подоги работнички камп, девет повредени

Во торнадо што погоди камп на работници на нафтовод во американската сојузна држава Северна Дакота, повредени се девет лица, од кои еден е во критична сосотојба.

Торнадото го погодил кампот на осум километри јужно од градот Вотфорд Сити, уништувајќи осум приколки во кои живееле работниците.

Пред неколку денови во тој камп имало повеќе приколки, така што бројот на повредени во тој случај би можел да биде уште поголем.