ВИДЕО| Торнадо во Германија, тројца загинаа и над 50 се повредени

Над 50 луѓе се повредени во Падерборн, во западна Германија, каде што силно торнадо го погоди овој дел на земјата, изјави портпаролот на полицијата за АФП. Според досега познатите информации, загинале три лица.

Торнадото предизвика значителна материјална штета и на градот во покраината Северна Рајна Вестфалија, кој го зафати невреме кое моментално минува низ Германија, а се појави по невообичаено високите температури за овој период од годината.

Невремето зад себе остави бројни штети во областа во западна Германија, а полициските сили пријавија голем број урнати покриви и откорнати дрвја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.