ВИДЕО: Торнадо уништи село во Србија

Невреме какво не се памети го погоди синоќа селото Шопиќ кај српско Лазаревац. За само три минути торнадото однело покриви од стотина куќи во ова место, пишуваат српските медиуми.

Силното невреме буквално ги збришало покривите од домовите, а РТС јавува дека сериозно е оштетена и црквата. Од силното невреме биле превртувани и автомобили, па дури и една цистерна.

Силното невреме проследено со пороен дожд и силен ветер ги погоди местата Лазаревац, Топола, Аранџеловац, Шабац, Богатиќ, Коцељева и Белград.