(ВИДЕО) Торонто и Портланд во конференциските финалиња

Торонто Рапторис и Портланд Трејл Блејзерс ноќта кон понеделникот благодарејќи на победите во седмиот дуел во серијата до четири победи во полуфиналето на Источната, односно Западната конференција на НБА лигата, придружувајќи им се на Милвоки Бакс и Голден Стејт Вориорс во конференциските финалиња.

Торонто Рапторс дома со 92:90 ги победија Филаделфија 76ерс во драматична завршница, а победата им ја донесе Каваи Леонард кој постигна кош за победа со звукот на сирената. Овој негов погодок го носи епитетот „историски“, бидејќи тоа е првиот кош со звукот на сирената кој го решил седмиот натпревар во плеј-офот.

Торонто и Филаделфија беа израмнети 90:90 на четири секунди до крајот, откако кош за Сиксерс постигна Џими Батлер, но потоа Леонард со малку среќа го погоди противничкиот кош на самиот крај. Имено, топката дури четири пати отскокнуваше од обрачот додека не мина низ мрежичката.

Кај Филаделјфија 76ерс најдобар беше Џоел Ембиид со 21 погодок и 11 скокови.

Торонто вторпат во историјата ќе игра во финалето на Источната конференција по 2016 година кога беше поразен со 2-4 од Кливленд Кавалирс предводени од Леброн Џејмс. Годинава во финалето ривал на Рапторс ќе биде најдобриот тим во региларниот дел од сезоната Милвоки Бакс, а првиот меч на распоредот е во среда.

Во вториот полуфинален дуел кој се одигра изминатата ноќ, Портланд Трејл Блејзерс дома со 100:96 ги совладаа Денвер Нагетс, иако во втората четвртина беа во заостанување од 17 коша. Со оваа победа Портланд со вкупен сооднос во серијата од 4-3 се пласираа во финалето на Западната конференција.

Си Џеј Мекалам беше најдобар стрелец на мечот и кај Портланд со 39 коша, од кои и кошот постигнат на 13 секунди пред крајот кој на Трејл Блејзерс им ја донесе предноста од три поена. Демиен Лилард имаше лоша вечер, дуелот го заврши со 13 поени со шут 3 од 17 обида, и 10 скокови. Најдонар поединец кај Денвер беше Никола Јокиќ со 29 поени и 13 скокови.

Портланд Трејл Блејзерс, кои се шампиони на НБА лигата од 1977 година, немаат настапено во конференциско финале од 2000 година, са сегва во финалето од Западната конфеенција ги очекуваат бранителите на титула Голден Стејт Вориорс.

Дуелот меѓу Голден Стејт и Портланд, кој почнува во вторник, ќе остави трага во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот, бидејќи првпат двајцата браќа – Стефен Кари и неговиот помлад брат Сет Кари ќе се соочат еден наспроти друг во оваа фаза од сезоната.