(ВИДЕО) Тотенхем пресилен за Шкендија во ЛЕ, екипата на Мурињо триумфира со 3-1 во Скопје

31

Англискиот гигант Тотенхем ја потврди фаворитската улога во натпреварот со Шкендија и  славеше со 3-1 на арената Тодор Проески во Скопје.За место во фазата по групи во Лига Европа,екипата на Жозе Мурињо ќе се сретне во плеј-офот со Макаби Хаифа.

3.коло квалификации за ЛЕ

Шкендија-Тотенхем       1-3

Пред празни трибини на арената ,,Тодор Проески’’ поради протоколот за Корона вирусот,Премиерлигашот рутински го одработи гостувањето во Скопје.

Веќе по пет минути игра ,гостите ја погодија мрежата на Захов.Стрелец беше  Ерик Ламела.Во продолжение од натпреварот,Тотенхем не ја искористи целосната иницијатива а после 10  минути игра во второто полувреме,Нафиу  изедначи со прекрасен удар од 20 метри.Шкендија имаше 1-1 само 14 минути.Веќе во   70 минута гостите се вратија во предност преку  Сон а во 79, нововлезениот  Хари Кејн зголеми на 1-3 за гостите што беше и конечниот резултат.

Головите од мечот низ видео:

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.