(ВИДЕО) Трајковски доби шанса и покажа што знае, избори пенал за Мајорка

Екипата на Мајорка претрпе нов пораз, овој пат на гостувањето на „Сан Мамеш“ кај тимот на Атлетик Билбао со 3:1.

Во гостинскиот тим шанса за настап во второто полувреме доби и нашиот репрезентативец, Александар Трајковски кој одигра нешто повеќе од половина час на теренот.

Неговото влегување во игра веднаш стана видливо затоа што Трајковски набрзо избори пенал кој во гол го претвори Анте Будимир за тогаш намалување на предноста на Билбао од 2:1.

Во финишот на натпреварот Трајко имаше одлична прилика кога со финта го исфрли својот противник, силно биеше кон голот но противничкиот голман го скроти неговиот удар.