ВИДЕО: Трагедија на индиска свадба, едно лице загина, четири повредени

Едно лице загина, а четири се повредени, меѓу кои и невестата кога на една индиска свадба се сруши кранот, кој беше донесен за да ги воодушеви гостите.

Целта на кранот била на кристална платформа да си донесе невестата и нејзината сестра.

Според локалната полиција кранот се превртел откако бил паркиран на калливо и меко земјиште.

Во инцидентот повредени биле пет лица, а еден 40-годишен маж им подлегнал на повредите во болница. Се’ уште нема информации за состојбата на невестата и нејзината сестра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.