(ВИДЕО) Трагичен Божик во САД: Три деца загинаа, седум повредени во пожар

Три деца загинаа, а седум лица се повредени во пожар што избувнал на Божик  во камп со приколки во  Луизијана, држава на јужниот дел на САД, изјавија официјалните лица на противпожарната служба.

Во пожарот загинаа браќата  на возраст од 12 и 11, и нивнта 13-годишна сестра. Родителите на жртвите и уште едно дете од семејстовто, како и уште четири деца кои биле пренесени во болница во Батон Руж, главниот град на Луизијана.

Пожарот избувнал  во текот на ноќта, а кога пожарникарите пристигнале околу 2.30 часот приколката била во пламен.

Таткото успеал да спаси само едно од четирите деца, бидејќи огнената стихија брзо се ширела.

Во моментот на трагедијата во приколаката имало 12 луѓе. Загинатите деца со своите родителе дошле на гости за празникот кај свои роднини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.